Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Тајкун“ ги бара тајните на своето старо друштво: Во 4-тата епизода Владан добива погрешен траг за идентитетот на „кодошот“, но откриена е и тајната на обвинителката која го гони

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Главниот лик Владан Симоновиќ (Драган Бјелогрлиќ) всушност мора да внимава од сите доверливи соработници и роднини бидејќи сите му работат зад грб. Погрешен траг го води до погрешен заклучок за идентитетот на соработникот на обвинителството, кој што работи во неговата компанија Сигма.

Најблискиот соработник Балша успева додека Владан е во криза и под истраги, за себе да обезбеди поголем процент во сопственоста на корпорацијата. Но Балша успева да открие и тајна која обвинителката Јована ја крие со години.

Продолжува романсата на обвинителката и Никола, главниот полициски инспектор кој го толкува Бранислав Трифуновиќ. Никола се обидува да се извлече од истрагата затоа што има стар долг кон Владан, а неговата сестра Лидија е „десна рака“ на тајкунот Симоновиќ.

Боро Керкез  (улога на Тони Михајловски) од добро пречекан гостин на славата на Владан станува мистериозен противник на „Тајкун“-от. Старото друштво на Владан крие тајни од него. Во епизодата ќе се дознае и за мистериозните средби на Бојан, наследникот на „Тајкун“ кој неуспешно преговара со бизнис противниците на империјата „Сигма“.

Во 4-тата епизода од хит-серијата се појавува и легендарниот Богдан Диклиќ. Епизодата е во редовен термин, 22:10 часот и овој четврток (03.02.2022.)