Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинското министерство за одбрана повторно ги отфрли американските информации за неминовен руски напад

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Украинскиот министер за одбрана тврди дека е малку веројатно евентуалната руска инвазија на неговата земја да започне во првата половина на оваа недела, отфрлајќи ги американските наводи дека нападот е неминовен.

Министерот Алексеј Резников тврди дека започнувањето на нападот утре, или задутре е малку веројатно затоа што руската армија се уште нема формирано ударни групи во близина на границата.

Генерално, потребни се недели за да се распореди една таква група, од една недела, половина месец до цел месец. Зависи од тоа кој план најдобро функционира во главите на лидерите во Кремљ. До денеска нашето разузнавање нема забележано офанзивни единици, што не значи дека тие не можат да ги распоредат кога ќе посакаат, затоа што ризикот се уште постои, изјави Резников.

Министерот тврди дека долгорочната цел на Москва е да го промени политичкиот систем на Украина, и вели дека руските сили се обидуваат да испровоцираат одговор од украинската армија, што ќе го искористат како изговор за инвазија.