Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Руски падобранци го зазеле транспортниот аеродром Антонов на 25 км од Киев со хеликоптерски десант

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Драматично видео со десетици руски хеликоптери како летаат над предградие во Киев покажува како се одвивал хеликоптерскиот десант врз транспортниот аеродром Антонов.

CNN објави дека Антонов е завземен од руските падобранци кои се обидуваат да направат воздушен мост за истоварување на дополнителни воени единици во главниот град на Украина.

Руските војници им дозволиле на новинарите на CNN да влезат во базата. Војниците на руската армија носеле портокалово-црни ленти на ракавите како знак за препознавање.

Во базата се слушало и пукање, престрелка на руските и украинските војници. Украинските власти пак објавија дека во реонот урнале 1 руски хеликоптер и уште 3 неидентификувани летала.