Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонскиот амбасадор во Киев: Стотина македонски државјани се уште се заглавени

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Нема излез од Киев засега. Стотина македонски државјани таму се уште се заглавени, а македонскиот амбасадор во Киев чека инструкции вели дека во моментов интернет врски се во прекин, а одвреме навреме колабираат и телефонските врски.

„Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се eвaкуираат граѓаните.“ – рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов.

Според него околу 100-тина македонски државјани се останати и утринава имало интензивни јавувања во амбасадата.

Еден од македонските државјани во Украина е македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, а неговата изјава дека е безбеден е во посебна вест.

Во амбасадата се 2-ца дипломати и 2 од администрацијата, а амбасадорот Ефремов вели дека се подготвувале за сите сценарија и имаат подготвено залихи од храна и вода. Натамошни инструкции како ќе постапуваат очекуваат од МНР.

Како дипломат се надева дека дипломатијата ќе се вклучи и ќе ги сопре воените дејствија.