Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Двe машки бебиња родени во засолниште во Херсон, под ракетен напад и во метро станица родено и девојче во Киев

/

пред 1681 дена

Сподели преку :

Две машки бебиња се родени ноќеска во градот Херсон во скривалиште додека породилиштето било евакуирано поради гранатирањето на овој град во јужна Украина.

-Два нови животи стигнаа за време на војна која ги одбележува нашите животи. И ние и тие никогаш нема да заборавиме и простиме, изјави украинскиот министер за здравство Виктор Љашко, а пренесува весникот Правда.

На 25-ти февруари пак во метрото во Киев се роди девојче и го доби името Миа.

-Миа е родена во засолниште таа ноќ, во стресна средина – за време на бомбардирањето на Киев. Нејзината мајка е прессреќна по породувањето во тешки услови, напиша еколошката активистка Ана Хопко.

Министерот Љашко, исто така, им се заблагодари на украинските медицински лица кои се на првите линии и на исто ниво со војската, објави украинскиот весник Правда.

Болниците продолжуваат да работат, обезбедувајќи помош не само за жртвите на воените дејствија, туку, особено, за пациентите со СОВИД-19 на кои им е потребен кислород.