Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија во вториот сад пред жрепката за СП

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди нов настап на Светскиот шампионат. Вчерашниот триумф над Чешка може да ни обезбеди и поволна група со оглед на фактот дека нашата селекција според одлуката на ИХФ се наоѓа во вториот сад и ќе избегнеме неколку тешки противници во битката за пласман во следната фаза од Мундијалот.

По две групи од првиот круг се играат во полските градови Краков и Катовице додека во Шведска натпреварите се играат во Гетеборг, Јенчепинг, Кристијанштад и Малме.

Носител во А групата што се игра во Краков е Шпанија, а домаќинот Полска ќе игра во Катовице. Швеѓаните се дел од Ц конкуренцијата во Гетеборг, Исланд ќе настапи во Е групата во Јенчепинг. Германија е дел од Ф конкуренцијата во Катовице, Норвешка како носител во групата играат во Краков, Хрватска ќе се натпреварува во Кристијанштад, а Данска во Малме.

Жрепката за Мундијалот ќе се одржи на втори јули оваа година.

САД 1: Данска, Шведска, Франција, Шпанија, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1

САД 2: МАКЕДОНИЈА, Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

САД 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

САД 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореа, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

ФОТО: Игор Паневски