Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопствениците на објекти и парцели во Треска мора да знаат за опасен отпад на својот имот и не требало да најавуваат катастрофа туку да го отстранат, вели државниот секретар за екологија

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

Пожарот во Треска и еколошките последици врз граѓаните и врз нивното здравје беа тема на вечерашната емисија Вин-вин, во која гостуваа градоначалникот на Центар Горан герасимовски, советникот во општината Јане Димовски и Каја Шукова -државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Бидејќи дел од сопствениците најавија сами дека е можна некаква катастрофа, самото по себе кажува дека знаеле дека на нивните парцели има некаков отпад кој што може да има влијание врз здравјето на луѓето и секако на животата средина, изјави во Вин-Вин на Телма, Каја Шукова, државен секретар во министерството за животна средина.

Случај Треска на Вин-вин: Државата треба да знае што има на земјиштето кое го продава, вели советникот Димовски за пожарот кој му се закануваше на Скопје

-Отпадот се дели на неопасен и опасен отпад. Секој од нас има неопасен отпад кој не влијае врз животната средина и по здравјето. Меѓутоа кога станува збор за опасен отпад секој има одговорност вклучително и приватните сопственици. Значи дури и во домот каде што живеете имате опасен отпад, вие треба соодветно да го отстраните. Постојат процедури законот за управување со отпад тоа си го регулира. Дури и на приватен имот го регулира со членот 38 од новиот закон за управување со отпад,изјави во Вин-Вин на Телма, Каја Шукова, државен секретар во министерството за животна средина.

Вин-Вин: Дали општината можела да реагира и да бара да се отстрани тој опасен отпад?

-Општината можела ако знаела дека таму има опасен отпад, можела да побара од сопствениците. Ако имала сознанија општината, ама општината немала. Мешутоа сознанија најверојатно имале приватните сопственици, но приватните сопственици најверојатно имале сознанија. Значи мора да знаат на нивен имот каков отпад има, појасни Шукова.

Азбестните плочи од кровот кој гореше во Треска не гори, но при кршење на тие плочи познати како салонитки ослободуваат опасни и штетни материи. Ако соодветно се третираат не се опасни, а правот при кршење од азбестните плочи е опасен ако има долго изложување на него. Според Шукова, 5, 10 минути или еден час изложеност не се опасни по здравјето, но опасно е изложување со денови на прав од азбестни плочи.

Таа ги повика на општествена одговрност и граѓаните и компаниите и за да знаат дека имаат свои обврски во заштитата на животната средина од опасен отпад и да спречат инциденти кои може да го загрозат здравјето и средината.