Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

28-годишна девојка загина во земјотресот во БиХ, паднала карпа врз семејната куќа

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Во БиХ ноќеска се регистрирани над 30 земјотреси откако синоќа првиот најсилен земјотрес со сила од 5,7  степени по Рихтер е регистриран во 23:07 часот со епицентар во близина на градот Столац.

Столац е најтешко погоден, а од последиците на земјотресот почина 28-годишната Елмира Сефо. Врз семејната куќа на Сефо паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина.

Карпата според Дневни аваз паднала директно врз кровот на куќата на Сефо и ги повредила сите членови на семејството. Елмира била потешко повредена и починала во кантоналната болница каде што била пренесена. Нејзините родители се повредени.

Весникот Аваз објави и фотографии на кои се гледа огромна дупка на кровот на куќата на Сефо во Столац. Полицијата врши увид.

Жителите на Столац се вознемирени и преплашени. Неколкумина од нив барале помош од лекарите поради силни напади на паника затоа што во тој реон каде е епицентарот цела ноќ не престанало тресењето на земјата.

Во земјотресите се повредени полесно уште десетина лица. Има повеќе оштетувања на куќи и згради особено во Херцеговина каде и беше најсилниот удар. На повеќе патишта во близина Столац има одрони и издадено е предупредување за внимателност на возачите.

Земјотресите беа почувствувани во цела БиХ, но исто така и во Хрватска и нејзиното јужно приморје, во Црна Гора во чија близина е епицентарот, во Србија, Албанија.

Првиот силен земјотрес беше почувствуван и во западните и северните делови на Македонија, а скопската опсерваторија објави дека во државата земјотресот бил почувствуван како потрес од 3 степени.