Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Блокираното“ Собрание денеска продолжи да работи во посмирена атмосфера

/

пред 1606 дена

Сподели преку :

Кои пратеници се работници а кои неработници? Дали предвремените избори треба да донесат „спас од националната катастрофа“ или треба „да се однесуваме државнички“ `се до редовните избори за две години. Ова беа дел од дилемите за кои расправаа пратениците, пред да се свртат кон дневниот ред и Законот за финансиска стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ предложи почврста контрола на присуството, а СДСМ прифати.

Спикерот Талат Џафери ги потсети дека не се надлежни да водат евиденција за присуство и за казнување пратеници и дека постои Устав и Деловник. Сепак, кога 34 пратеници се јавија за реплика на една дискусија, побара затварање на вратите и пребројување на присутните.

Опозицијата гледа многу причини за предвремени избори.

Џафери ги потсети кој е начинот да се издејствуваат предвремени избори.

Вчера опозицијата почна со активна блокада на Собранието, откако власта не прифати да разговара за избори. По целодневните процедурални барања и реплицирања, доцна синоќа беше изгласан дневниот ред на новата седница. Кренатите транспаренти Џафери „ги прочита“ како изјаснување со подигната рака, односно како 33 гласа  „против“, наспроти 61 глас „за“ дневниот ред.

Соња Николовска