Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема: ВМРО –ДПМНЕ бара оставка од Џафери, СДСМ не сака ниту јасно да го осуди неговото однесување

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Очекувавме извинување од Џафери, тоа е некој човечки, морален момент кој очекувавме да го направи, изјави вечерва во Топ Тема со Боби Христов, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето  како до одговорност за спикерот на Собранието, Талат Џафери, откако опозиционата партија се откажа од иницијативата за интерпелација.

Тој оцени дека уште пофрапантно е објаснувањето на Џафери дека не ги пцуел вработените во законодавниот дом, туку нивниот однос кон работата.

„Најмалку што треба да направи Џафери е да си даде оставка и да се извини за тоа што го направи.“ – изјави Петрушевски.

Тој посочи и дека снимката на која се слушаат пцостите на Џафери не е направена од некој пратеник или вработен во Собранието, туку одела во живо на собранискиот канал.

Во однос на однесувањето на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Дарко Каевски од СДСМ оцени дека за тоа има постапки, ќе се расправа и во комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Тој не сакаше да коментира дали фразата „сус бре“, која на снимката ја користи Џафери, за него претставува пцовка, подвлекувајќи дека се надева дека Џафери ќе се извини кон членовите на службите во Собранието.

„Тоа не требало да се случи, јас не присуствував на тој момент. Но пак ќе кажам, добро е да се чуе и претседателот на Собранието во таа постапка.“ – изјави Каевски.