Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Борис Џонсон ќе остане на премиерската функција- заврши гласањето се чекаат резултатите

/

пред 1599 дена

Сподели преку :

Претставниците на британската конзервативна партија гласаа за нивниот лидер Борис Џонсон, кој доколку загуби, би престанал да биде премиер. Пратениците гласаа меѓу 18 и 20 часот по британско време (19 и 21 часот по македонско), а резултатите треба да бидат објавени околу 22 часот.

За заминувањето на Џонсон потребни се гласовите на мнозинството пратеници од конзервативците, 180. Доколку тоа се случи, следуваат избори за ново партиско раководство.

Би-Би-Си проценува дека 141 конзервативен пратеник пред гласањето најавиле дека ќе го поддржат Борис Џонсон.

Џонсон, кој беше назначен за премиер во 2019 година, е под зголемен притисок по штетниот извештај за забави што се одржуваат во неговата канцеларија и резиденција на Даунинг стрит во време кога Британија беше во карантин поради пандемијата на Ковид-19.

Десетици конзервативни пратеници изразија загриженост дека Џонсон (57) може да продолжи да ја води Британија, која се соочува со ризик од рецесија, зголемување на цените на горивото и храната и моментално сообраќаен хаос во Лондон поради штрајкот.

Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова смена.