Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Попризова: Ако општеството е насилно, тоа насилство се префрла и на социјалните мрежи

/

пред 1573 дена

Сподели преку :

Состојбата на општеството се отсликува и врз сајбер просторот, посочуваат експертите во вечерашната Топ Тема, предупредувајќи дека без законска регулатива насилството ќе се повторува.

Живееме во општество што е многу толерантно на насилство и еден аспект на тоа е говорот на омраза. Ако е општеството насилно се префрла и на социјалните мрежи, од социјалните мрежи се генерира во сите сфери, и сега се вртиме во тој круг без постоење на некаква посериозна регулатива, рече професорката Попризова.

Елена Петровска од Коалицијата Маргини, вели дека до сега институциите се покажале како прилично инертни во решавањето на овие случаи.

Нашето општество се гради на концептите на доминација, контрола, на моќ, и тие односи кои што постојат во физичкиот свет се истите кои што се префрлаат во интернет просторот, за жал. Мислам дека пред повеќе години интернет сферата беше перцепирана како простор кој што ќе овозможи некое поздраво, подемократско градење на односите, ќе биде заштитнички настроено кон автономијата на жените, на девојките. Меѓутоа се испостави дека не е така и со огромна брзина се шират овие работи. А системот и институциите се прилично инертни, оцени Петровска.