Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски за францускиот предлог – Историските прашања и протоколот со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка со ЕУ

/

пред 1574 дена

Сподели преку :

Македонските забелешки се содржани во францускиот предлог за преговарачката рамка, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Тој не откри конкретно детали од францускиот модифициран предлог, но потврди дека историските прашања нема да бидат дел од преговарачката рамка, како и дека протоколот за спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија исто така нема да биде дел од францускиот предлог.

„Во однос на историските прашања, едно од нашите барања беше дека историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и тоа барање е содржано во овој предлог документ кој е стигнат во министерството за надворешени работи. Протоколот исто така нема да биде дел од преговарачката рамка“ – вели Ковачевски.