Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема конкретен одговор од каде, и по која цена ќе се обезбеди гас – Сите надежи на Владата се свртени кон Србија

/

пред 1467 дена

Сподели преку :

На  две недели пред стартот на новата грејна сезона, државата без конкретен одговор  од каде и по  која цена ќе се обезбеди гас.

За да има непречена испорака на топлинска енергија потреби се 230 милиони метри кубни. Сите надежи на Владата се свртени кон Србија.

Планот е од таму да се испорачува гас, а Србија од Македонија да добива струја и тоа од Те-то. Преговорите со Белград  се уште траат.

Нема информација ниту по која цена би го купиле гасот, ниту колку ќе бидат вкупните количини.

Планот е дел од количините на гас да бидат за топланите, дел за Те-то. Но договорот со оваа централа која е клучна за скопјани да имаат парно се уште виси. А нема ниту договор меѓу ЕСМ и Адора за топланите Исток и Запад.

Властите се надеваат дека наскор ќе има решение, во спротивно не се исклучува опцијата за национализација  на објектите.

И покрај сите проблеми од Владата уверуваат грејната сезона ќе почне на време и парно ќе има. Ако нема гас, топланите ќе работата на мазут, кој пак ќе се носи од Грција.

Ирена Чачкова