Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската Централна Банка ги зголеми референтните камати

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Европската Централна банка  по трет пат годинава ги зголеми каматите, за нови 75 базични поени.

Каматата на депозитите, односно заштедите ќе изнесува 1,5%, на главните операции, а за рефинансирање – 2 отсто, а на дневните позајмувања на банките на  2,25%.

Сега основната камата, која пред неколку месеци беше нула, по повеќе од 10 години ќе надмине 2%.

Ваквиот чекор се презема како механизам за справување со високата инфлација.

Ваквиот раст на каматите ќе влијае и врз поскапување на кредитите кај нас, пред се на станбените кои покрај со фиксна камата на одреден период се врзани и со ЕУРИБОР или варијабилна која до сега изнесуваше  2,103 отсто, но од сега истата ќе порасне на 2,85 осто.