Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорите Софијанова и Васев поднесоа оставки по барање на министерот Сали

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Директорката на детската клиника, докторка Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, доктор Никола Васев ги депонираа своите оставки на функциите до Министерството за здравство (МЗ). Таквите нивни одлуки доаѓаат по барање на министерот Беким Сали.

Според сознанија на Телма ТВ, нивните оставки се побарани поради непочитување на колективните договори и други забелешки направени од надзорот на Фондот за здравствено осигурување кој, исто така, беше побаран од министерот Сали.

Според информациите од МЗ, ова е само почетокот на сите ревизии што ќе се изврши во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од Министерството соопштија дека, согласно законските процедури, јавноста ќе биде навремено  информирана по назначување на нови директори на овие клиники од министерот Сали.