Обвинителството веќе е известено за нападот врз новинарската екипа на ТВ 24, а по пристигнување на кривичната пријава за насилство против 67-годишниот напаѓач и официјално ќе биде отворена истрагата.
Насилникот е приведен уште синоќа и се уште се наоѓа во полициска станица. По отворањето на истрагата, обвинителството има можност да бара мерки за обезбедување на уапсениот.
Тој вчера ја нападна новинарската екипа пред куќата во негова сопственост во Пржино. На адресата е регистрирано живеалиштето на контроверзниот украинец Олександр Онишченко, којшто како спортист во коњички спорт добил македонско државјанство иако за него има истраги во Украина за корупција и проституција, а САД го стави на црната листа поради ширење дезинформации.











