Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софијанова: Четири дечиња се испратија на лекување во странство додека бев на доусовршување во Словенија

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Поранешната директорка на Клиниката за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова изјави дека заедно со колегите од Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега, чиј што шеф е таа, успеале да издејствуваат зголемување на коефициентот за исплата на дежурства, поради специфичноста на интервенциите кои можеле да ги изведуваат само тие педијатри.

Веројатно требаше еднаш засекогаш да се расчистат некои работи и јавноста да ја запознае целата слика откако дојдоа документите до колегата кој потоа ги даваше интерпретациите. Меѓутоа јас сум шеф на одделот за неонатална и педијатериска интензивна нега и терапија, тоа пред 3 години кога министер беше проф. Филипче и ние заедно со мојот тим од интензивна успеавме да го покачивме коефициентот за исплата на дежрства на тој оддел, кој има свои специфики, свои многу големи работи кои што не можат да ги работат другите педијатри кои што работат, интубација, разни други процедури, боцкања, спинални анестезии, секакви други работи кои што ги правиме таму, и стриктно само ние. Затоа го израмнивме коефициентот на исплата за дежурствата на ние што сме стрикно луѓе кои работиме интензивна на ниво на хируршките гранки, рече проф. д-р Софијанова.

Вели дека таа нема никаква врска со доделувањето на дежурства и со правењето на распореди. Тоа го прави главната сестра на Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега и после тоа се внесува во благајничкиот систем.

Тие дежурства се внесуваат во ИТ систем, односно во самиот систем кој што е во благајна и во него само благајникот е тој кој што го контролира. Јас не можам ниту да си допишам, ниту да ставам повеќе дежурства, вели д-р Софијанова.

Д-р Софијанова вели дека не била еден месец на пат во Словенија, туку на доусовршување, и се обврзала пред Управниот одбор дека за тоа време ќе продолжи да ги извршува своите обврски на клиниката.

Јас бев во Словенија еден месец во периодот од 15 јули до 15 август, каде што се обврзав пред Управен одбор и таму помина, дека моето доусовршување во Словенија ќе биде врзано и со мојата активност и на клиниката. Што значи дека додека бев во Словенија бев цело време активно запозната за сѐ што се случува на клиниката, и во тој период 4 дечиња се префрлија надвор од границите на државата за лекување, при што целата координација ја правев јас и имам сведоци за тоа. Уште вториот ден кога стигнав во Клиничкиот центар Љубљана каде што само со лиценцирани дипломи можете да влезете таму, знаете колку тие имаат дежурства, од 6 до 8, бидејќи и таму имаат дефицит на пердијатри, вели Софијанова.

За време на двата мандати како директот на Клиниката за детски болети проф. д-р Софијанова тврди дека успеала да направи четири реорганизации на клиниката, и тоа во одделот за неонатологија, одделот за нефрологија, одделот за детска онкологија, и на крај транспортот на пациенти. Запрашана како детската клиника успеала да најде средства за да ги направи сите овие работи, д-р Софијанова рече дека имале одлична соработка со Фондот за здравствено осигурување и голема помош од приватни донатори.

Нема да се пожалам во однос на делот кој што го добивавме од Фондот за здравствено осигурување, и искрена благодарност, бидејќи сепак буџетот кој што го даваат на клиниката е релативно солиден, јас сум многу реална околу тоа. Можеби други не, но кај нас на детската клиника имаше многу разбирање за тоа. Со добра алокација на средствата, и тоа се учи во тие менаџерски школи, можете да направите добро алоцирање на тие средства, каде фалат, каде се најклучните а тоа се болестите, терапијата, ретките болсети, терапија која може да се дава само и исклучиво на терцијарно ниво, и тоа беше оној приоритет кој што фондот го имаше како разбирање. Во делот околу градежниот момент, околу оној момент кој што го прави пациентот да се чувствува добро, а тоа е нели самата архитектура внатре во клиниката, која беше навистина на едно многу позавидно ниво, за тоа им благодарам на сите донатори. Безмалку ја превртевме клиниката. Следната што требаше да следи тоа беше комплетно реновирање на неврофизиолошкиот дел, а потоа и на делот кој не постои, а требаше да го направиме а тоа е делот за аутизам, рече д-р Софијанова.