Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Неколку часовен застој на Табановце поради акција на МВР и ОЈО за организиран криминал и корупција

/

пред 1396 дена

Сподели преку :

Хаос се случува на граничниот премин Табановце. За влез во Македонија граѓани чекаат веќе неколку часа. Колоната е километарска, а револтираните патници се јавија во Tелма и сведочат дека не е пуштен ниту еден  автомобил. Лути се што чекаат на ниски температури, но од граничните служби не добиле никаква информација за што се работи и до кога ќе чекаат.

Телма дознава дека се спроведува полициска акција во која се опфатени полициски и царински службеници од преминот. МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства, но повеќе информации од МВР најавија за утре.