Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Повеќе од 360 загинати во разорниот земјотрес во Турција и во Сирија- се стравува дека бројот на жртвите ќе се мери во илјадници

/

пред 1353 дена

Сподели преку :

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и Сирија рано утринава, уривајќи поголем број згради.

Медиумите јавуваат за над 360 мртви и илјадници повредени, но стравувањата се дека бројот на жртви ќе биде многу поголем од моменталните бројки.

Разорниот земјотрес е регистриран во јужната погранична провинција Газиентеп кај гратчето Нурдаги.

Жртви од земјотресот има и во Сирија. 18 афтершокови се случиле на погоденото подрачје, а регистрирани се неколку земјотреси над 5 степени.

Спасувачките екипи се на терен, а првите снимки покажуваат разурнати згради од кои спасувачите извлекуваат повредени луѓе.

Земјотресот, бил почувствуван дури до Каиро. На сириската страна на границата, земјотресот ги погоди регионите кои се под контрола на опозицијата и во кој има околу 4 милиони Сиријци раселени од другите делови на земјата поради долгата граѓанска војна.

Според Американскиот сеизмолошки институт, катастрофалниот земјотрес се случил во 04:17 минути по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

Првите прелиминарни податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради. уривање на згради е забележано и во Сирија, но засега нема детални информации за тоа.
Кога осамна утрото, обемот на уништувањето предизвикано од земјотресот на југот на Турција беше прикажано како ужасни слики како да е апокалипса по бомбардирањето. Во некои градови, цели згради се ретки, додека повеќето се урнати и срамнети со земја.

Освен Газинтеп, најлошо настрада и градот Искендерум, каде што буквално беа урнати и срамнети со земја повеќето згради. Има информации дека пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се мери во илјадници.