Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дарко Спасов директорот на „Комедија“ поднесе оставка

/

пред 1330 дена

Сподели преку :

Директорот на театарот „ Комедија“, Дарко Спасов поднесе оставка. Во изјава за Телма тој кажа дека оставката ја дал од лични причини.

  • Точно е. Депонирав неотповиклива оставка во Министерството за култура , на функцијата директор на театарот “Комедија“. Оставката е од лични причини. Останувам да работам во театарот како драматург. А, како директор, театарот го оставам во одлична финансиска кондиција, со полна каса, кажа Спасов.

Од Министерството за култура кусо ни одговорија дека треба да назначат нов в.д. директор на „Комедија“ и во исто време да ја прифатат оставката на Спасов.

Дарко Јан Спасов, стапи на функцијата директор на „ Комедија“, од август , минатата година. Претходно, кон средината на јануари 2022 беше назначен за в.д. директор. Тој дојде на местото на Магдалена Ризова- Черних, која кратко време беше в.д. директорка.

Со одлука на министерката за култура, тогаш во заминување , Ирена Стефоска, Спасов беше поставен за в.д. директор. Ансамблот на „ Комедија“, побара од Министерството за култура тој да ја врши функцијата откако беше разрешена Нора Шаќири – Марковиќ.

„Театар Куманово“ ќе остане градилиште за 75-от роденден, Министерството за култура не одобри пари за завршување на реконструкцијата