Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градежен работник од Турција настрада на градилиште во центарот на Скопје

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

34-годишен градежен работник синоќа почина од повреди добиени на градилиштето Лимак во центарот на Скопје.

Според првичните информации, работникот паднал од скеле на градилиштето. Бил пренесен на скопските клиники каде починал неколку часа по несреќата.

По соопштување на веста за трагедијата имало и инцидент на Клиничкиот центар Мајка Тереза, но МВР не даде детали во информацијата за погибијата.

На 02.05.2023 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачје на Центар со повреди се здобил работникот Ф.А.(34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од здобиените повреди Ф.А. нешто подоцна починал. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.