Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во гимназијата во Македонски Брод годинава ќе матурираат сите 11 ученици

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Во гимназијата „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод  учебната 2022/23 ќе ја завршат сите 11 матуранти.

Матурското табло на гимназијата од Македонски Брод на кое има повеќе наставници од ученици, а кое се сподели на социјалната мрежа Твитер,  покажува дека во градот има само 11 матуранти годинава за разлика од 22 професори кои предваат во училиштето.

Во училиштето има две паралелки од четвртина година, едната по гимназиско образование во која ќе матурираат осум ученици, а втората е по угостителство и туризам. Во оваа паралелка класниот ќе им подели дипломи на само три ученици.

Надзорот на инспекторите од образование покажал дека во училиштето сите активности се одвиваат според наставни планови и програми, а условите се безбедни и соодветни за изведување настава.

Не се знае која е причината што учениците од овој град не се заинтересирани за запишување во гимназијата, туку одат во другите средни училишта во Битола и во Кичево.