Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мостовите во Скопје затворени – улиците полни

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

На неколку километри на брегот на Вардар меѓу Железничка станица и салата Јане Сандански има два затворени моста, поради што сообраќајниот метеж се засилува во овој дел на главниот град. Мостот Михајло Апостолски чинеше околу 5 милиони евра, но е затворен и не се користи, а проблемите за негово отворање не се решаваат. Мостот е клучно решение за сообраќајот, воопшто, но и сега по хаваријата на Беласица, вели деканот на Градежниот факутет.

Марковски за Телма објаснува дека санацијата на опожарениот мост Беласица кај Ист гејт мол ќе чини милиони и ќе одземе многу време за негова санација. Сега Беласица е затворена дури и за пешаците.

Градот Скопје го негира стручното мислење на деканот на Градежен факултет.

На официјалните интернет портали на градот нигде нема информација дека мостот Беласица е затворен, ниту дека градоначалничката извршила увид како што е пракса. Една недела Арсовска без детали за хаваријата со образложение дека не е надлежна. Институциите си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен, а истрагата сѐ уште нема податок кој го предизвика пожарот.

Симона Петровска