Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макпетрол: Цената на гас за јуни пониска за 13,82%, метанот паѓа за 5 денари по килограм

/

пред 1227 дена

Сподели преку :

Цената на природниот гас за месец јуни ќе се намали за 13,82% за мегават час, во однос на цената за месец мај оваа година, соопшти Макпетрол,  согласно договорот помеѓу компанијатау и  „Гаспром експорт“.

Од Макпетрол информираат и дека малопродажната цена на метанот кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 7,5% односно, за 5 денари за килограм во однос на цената од 67 денари за килограм по која метанот се продаваше во мај. Новата цена на метанот е 62 денари за килограм односно 43,89 денари за литар, соопшти Макпетрол.

Во продолжение соопштението на Макпетрол:

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец јуни ќе се намали за 13,82% за мегават час, во однос на цената за месец мај ова година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 7,5% односно, за 5,00 денари за килограм (3,54 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 67,00 денари за килограм, односно новата цена ќе изнесува 62,00 денари за килограм или 43,89 денари за литар.

Бензините поевтинуваат за половина, односно за еден денар