Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЈП со став: Протест или штрајк е легитимно право на вработени во било која сфера, па и во Управата за јавни приходи

/

пред 1219 дена

Сподели преку :

Правото на протест или штрајк е уставно загарантирано право на работниците, е ставот на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со состојбата меѓу Синдикатот на УЈП и Министерството за финансии.

„Вработените во било кој сегмент и сфера, вклучително и институциите како Управата за јавни приходи, имаат легитимно право да ги изразат своите ставови на ваков начин. Управата за јавни приходи во изминатиот период одржа низа состаноци со Министерството за финансии и на истите беа предочени и разгледани барањата кои се повод и за денешниот протест. Во оваа насока, јасно беа отворени точките кои ги засегаат вработените, додека се очекува предлог решение од ресорното Министерство“, се вели во соопштението на УЈП.

Од таму информираат дека, заедно со Синдикатот, во изминатиот период се работеше и на новиот текст од Колективниот договор со содржина која, како што се нагласува, била прифатена од сите и кој е пред потпишување, со единствена цел – подобар животен стандард за вработените.