Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ескобар пред средбата со Мицкоски: Сакам да имаме многу отворена размена на ставови

/

пред 1152 дена

Сподели преку :

САД ги гледа како природни партнери сите оние кои се посветени на европската интеграција, НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Екобар. Запрашан за престојната средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој порача дека не е подготвен да трпи тортура и притисоци за да се согласи на уставните измени, Ескобар се пошегува дека не е дојден за тоа.

Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, меѓутоа поставуваме очекувања. Единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака која што ја ширам во регионот  а тоа е дека САД ги гледа како природни партнери сите оние кои што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа јасно да го посочам, но исто така сакам да слушнам и да имам многу отворена размена на ставови и се надевам дека ќе имаме многу повеќе да ѝ кажеме на јавноста по состанокот, рече Ескобар.

Додаде дека Македонија е веќе дел од авроатлантската заедница и дека САД посакуваат таа да биде и дел од ЕУ. Изрази здоволство што започна процесот за уставните измени, но и надеж дека ќе продолжи.

Ковачевски: Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање