Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жена ја нападнала пејачката Елена Ристеска во скопски угостителски објект

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

(ФОТО извор: Инстаграм профил на Ристеска)

Полицијата во дневниот билтен објави информација за нападот кој го пријавила пејачката и поранешна македонска претставничка на Евровизија, Елена Ристеска.

-Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Нема други детали за физичкиот напад и дали е е пронајдено пријавеното женско лице.

37-годишната Ристеска по неколкугодишна пауза најави враќање на музичката сцена. Последен настап во живо таа го одржа минатиот викенд на фестивалот Виноскоп.

Пејачката Елена Ристеска е најпозната по учеството на Евровизија во 2006-та кога го оствари најдобриот до тогаш пласман на Македонија на овој музички натпревар.

На Големо езеро на Пелистер откриено ново растение