Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Спасовски: Вања е грабната од внатрешниот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење ја ствиле во возилото „цитроен“

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Таткото на Вања им ги кажал сите движења на девојчето на убијците за да изнудат пари од мајката, од кои сите би имале корист.

„Грабната е од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и ја стваат во возилото „цитроен“, пред нив се движи возило канго, однесена е надвор од Скопје, по што е убиена, а колата е запалена“, објасни Спасовски.

Утврдено е дека двете од лицата кои биле во „цитроенот“, а по претходно добиени информации од вечерта девојчето ќе биде само, во влезот го земаат со врзани раце и нозе го ставаат во вреќа за спиење и го ставаат во Цитроенот. Пред „цитроенот“ цело време има „рено канго“ во движење пред нив одело надвор од Скопје по што е убиена, а возилото запалено.

Немаме докази дека е почнато нешто за барање откуп ние ги знаеме мотивите дека однапред кога се договорале мотивите биле парите и изнуда. Од досегашниот исказ не знам дали нешто ќе се смени се уште таткото ги негира овие дејствија. Значи неговата инволвираност која е посредна ја наоѓаме од контекст дека едното лице ова го знае во контакт со таткото. Ќе се бара притвор бидејќи имаме сомненија за негова вклученост. Може утре ќе излезат докази. Ќе се бара притвор, рече Спасовски.