Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потопување на тунелите со морска вода и „сунѓер“ бомби – Израел со опции за уништување на Хамас

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

Израел ја разгледува опцијата за потопување на подземните тунели во Газа во морска вода. Според „Волстрит Журнал“, израелската војска кон средината на ноември поставила пет пумпи со моќност за пренос на илјадници кубни метри вода на час. Распоредени се еден километар северно од бегалскиот камп Ал Шати и, како што се наведува во извештајот на американскиот весник, би можеле да ги потопат тунелите за неколку недели.

Британски Телеграф и француски Фигаро, пак, во изминатиот период објавија дека опција за разоружување на Хамас се и т.н. „сунѓер“ бомби, оружке што Израел го разви пред неколку години. Функционираат по мешање на течности кои предизвикуваат хемиска реакција, а потоа се прави бран на пена, слична на пурпена, која се шири се додека не стигне до тврда состојба и го исполни тунелите.

Израелската војска во петокот продолжи со воздушните и копнени операции по еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас, а сега со проширен обем во јужниот дел на Појасот. Потврда за тоа дојде и од портпаролот на израелската армија, но негира намера за протерување на жителите на Газа од територијата и нивно насочување кон Египет.

Најмалку 50 Палестинци се убиени во израелските напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа и врз Дејт ал-Белах во централниот дел на опколената енклава, објавија светските агенции. Очевидци за Асошиејтед прес велат дека десетици израелски тенкови, транспортери и булдожери се влезени во тој дел на појасот. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант очекува војната со Хамас да трае уште два месеца, ако продолжи со сегашниот интензитет. Уште на стартот на операцијата „Потоп на Ал Акса“ и отпочнување на израелската офанзива во Газа, тој најави дека војната со Хамас овојпат ќе трае најмногу три месеци и оти на крајот ќе ја нема палестинската милитантна група.

Сашко Димовски