Советниците во Општина Карпош, без оглед на која политичка опција припаѓаат, се согласни да не го гласаат новиот ДУП за просторот на поранешна фабрика Алумина.
Со него се предвидува изградба на комплекс од осум згради, меѓу кои двете највисоки ќе бидат по 35 ката.
Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ велат дека понуденото решение не е во интерес на граѓаните, туку на инвеститорот.











