Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Налепници во АМСМ нема, сообраќајните дозволи уште се наплаќаат

/

пред 978 дена

Сподели преку :

Екипата на Телма претпладнево провери каква е состојбата на големата станица за технички преглед во центарот на Скопје.

На техничката станица на АМСМ стоеше известување дека веќе нема налепници со НМК за да не се создаваат редови на возила и да чекаат.

Со неколку возачи со кои разговараше репортерката на Телма, Симона Петровска, и изјавија дека кога барале нова сообраќајна дозвола со новото уставно име биле известени дека треба да го платат трошокот. Владата вчера донесе одлука сообраќајните дозволи и возачките дозволи да се издаваат бесплатно.

Возачите тврдат дека вработените на шалтерите им кажале дека досега немаат добиено официјлано известување за да престанат со наплата на документите за автомобили, кои пак им се дадени и задолжени од управните служби на МВР.

Повеќе информации во Вестите на ТВ Телма во 12:30, 15:30, 18:30 и 21:30.

Отпорни на надворешни влијанија, достава по карго – „НМК“ налепници на Фејсбук, се продаваат за 50 денари парче