Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈСП: Платите на вработените не доцнат, пресметките се доставени, се чека одобрување

/

пред 976 дена

Сподели преку :

Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во „Македонски Пошти“ доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини, посочуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.

„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП.

Вработени во ЈСП денеска најавија дека од утре од 4:30 часот во Скопје нема да има градски превоз, бидејќи не им е исплатена јануарската плата.