Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени двaјца осомничени за убиството на 14-годишното момче од Прилеп

/

пред 961 дена

Сподели преку :

Полицијата рано утрово приведе две лица кои се осомничени за синоќешното убиство на 14-годишно момче од Прилеп. Станува збор за 21 годишен жител на село Сенокос во општина Долнени и малолетник од истото место, кој го признал убиството. Но, мотивите за овој грозоморен настан се уште не се познати.

  • Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело. Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик., изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола

Убиството се случи вчера вечер нешто по 19 часот.

14-годишното момче е пронајдено во крв со повеќе убодни рани на тротоарот од булеварот Гоце Делчев пред центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп. Во 19,30 часот интервенирала Итната помош, но момчето не давало знаци на живот и пренесено во прилепската болница. Безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација. Обвинител побара обдукција на телото на 14 годишникот кое е убиено синоќа во центарот на Прилеп.

Емилија Мисирлиевски

Тинејџер избоден до смрт во центарот на Прилеп