Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Експлозии во близина на Зеленски и Мицотакис – Русија ја гаѓаше Одеса за време на посетата на грчкиот премиер

/

пред 961 дена

Сподели преку :

Русија денеска изврши напад врз Одеса за време на посетата на пристаништниот град на украинскиот претседател Володомир Зеленски и неговиот гостин, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Според „Украинска правда“, во нападот загинале пет лица.

„На самиот крај на посетата, слушнавме сирени за воздушна опасност и експлозии недалеку од нас. Немавме време да одиме во засолниште“, рече Мицотакис по завршување на нападот.

Зеленски го осуди рускиот напад и рече дека „Русите не водат сметка каде гаѓаат“, додавајќи дека има загинати и ранети.

Зеленски и Мицотакис беа во обиколка на пристаништето на југот на Украина кое е клучно за извоз на житарки преку Црното Море. Зеленски го запозна Мицотакис за напорите што се преземаат за да се „обнови и засили таа украинска поморска рута“.

Преку таа рута, до крајот на договорот со Русија во јули во 2023 година, беа извезени 28 милиони тони украински житарици. Русија го напушти договорот поради отежнат извоз на сопствените земјоделски производи, како резултат на бирократските пречки на западот.