Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Во третиот ден од потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор, полицијата ги проверува базните станици и ги прегледува мобилните телефони на родителите. Утврдено е дека девојчето не се наоѓа во радиус од 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето. Властите соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека Данка била пронајдена, но се покажала како неточна.

Девојчето исчезна во понеделникот околу 13 часот и 45 минути. Носела виолетови панталони, маслинесто-зелена јакна, а косата и била врзана во опавче. Поради овој случај, Србија за прв пат го активираше системот „Пронајди ме“.