Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

/

пред 878 дена

Сподели преку :

За договорот со „Бехтел и Енка“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека планот е да не се реализира на начинот на кој е веќе потпишан

-За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одредена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми, рече Мицкоски денеска и порача дека како идна влада “сакаме да градиме, а не да уриваме”.

„Бехтел и Енка“ пак претходно побара од Стопанската комора, помош за да се обезбедат околу 4.000 работници и инженери кои би биле ангажирани на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10Д. Проектот е вреден над 1,3 милијарди евра.

За другата милијарда евра, кредит по договор “влада со влада”, Мицкоски тврди дека не станува збор ниту за пари пд Унгарија ниту за пари од Азија.

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски