Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Температури до 40 степени – брзата помош одговара на 100 повици на ден

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Температурите денеска се искачија над 30 степени. И во најтоплиот ден од денот околу 14 часот можевме да видиме голема раздвиженост на граѓани. Дел од нив со себе носеа наочари за сонце и се разладуваа со сладолед, а останатите спасот од  жешкото го бараат во ладовина под сенка и во климатизирани простории како трговски центри.  Од Итната помош велат дека деновиве имаат голем број повици од граѓани кои се жалат на симптоми предизвикани од жештините и ги повикуваат граѓаните кои мораат да излезат од дома да облекуваат светла облека и со себе да носат вода и заштитна капа и наочари.

„Зголемени се повиците од јавните места, а особено од повозрасните и хронично болните. Краткотрајно губење на свеста, односно колабирање, оние кои имаат шеќерна болест имаат проблеми со паѓање на нивото на шеќерот во крвта“, вели Марина Сотировска, раководител на смена во Брза помош.

Исто така се апелира до сите учесници во сообраќајот повеќе да внимаваат затоа што деновиве има зголемен број сообраќајни незгоди.

Синоптичарите велат дека до среда се очекуваат температури до 40 степени, а останатите неколку денови граѓаните ќе можат да здивнат од жешкото време, но само накратко. Од следната недела повторно не очекуваат високи температури.

„Температурите ќе бидат над просекот. Ќе имаме доста топол и сув јуни. тоа не е ништо ново  така било и во претходните години, дури и потопло“, вели Ленче Ризова, Управа за хидрометеоролошки рабoти.

Високите температури со рекорди од 40 степени продолжуваат и во наредниот период, а надлежните кои треба да донесат мерки и препораки за граѓаните, особено за хронично болните и работниците кои извршуваат работи на отворено ги нема, затоа што сè уште нема формирано Влада.

Тамара Марковска