Никола Ѓуретановиќ заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободен стил на Олимписките игри во Париз.
Во групата со пет пливачи тој оствари време од 4:05:38 минути, резултат што е за речиси три секунди послаб од неговиот најдобар во кариерата, а трката ја заврши со заостанување од 3:79 секунди зад Мароканецот Илијас ел Фалаки.
Шеснаесетгодишниот Ѓуретановиќ беше прв од шесте македонски репрезенти на Игрите во француската престолнина











