Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК со иницијатива до обвинителството за гонење на екс директорката на УЈП, Лукаревска

/

пред 787 дена

Сподели преку :

Антикорупциска поднесе иницијатива до обвинителството за гонење на поранешната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска за „Несовесно работење во службата“. Ова следува по одлуката на Државниот инспекторат за труд за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со потпис на Лукаревска, во февруари годинава, вработените од административни станале даночни службеници и добиле повисоки плати. Со тоа, буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292.000 евра.

Претходно, Антикорупциска донесе одлука дека вработувањата, исто така, се незаконски, бидејќи договорите биле склучени за време на изборите.