Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв смртен случај на западно-нилска треска

/

пред 771 дена

Сподели преку :

78 годишен маж од кочанско почина поради компликации од вирусот на Западно- нилска треска.. Првите симпотми кои ги добил биле малаксаност, намален апетит и покачена температура, а поради појава на вознемиреност, агресивност, и губиток на свест, пациентот со возило на итната медицинска помош од Кочани бил пратен во Клиничката болница-Штип каде што биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба во текот на истиот ден, пациентот бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, при што по една недела лекување починал.

Годинава се регистрирани четири случај на западнонилска треска, вирус од кој луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец.

Според доктор Цана нема опасност од ширење на овој вирус затоа што се пренесува преку убод од комарец, а тоа но не значи дека секој комарец го пренесува вирусот.

Симона Петровска