Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино, таткото задржан во полиција

/

пред 739 дена

Сподели преку :

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг ќе биде задржан во полиција.

  • Денес (08-октомври) околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатино која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт.

Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција.

Нејзиниот сопруг 50 -годишниот Р.Ш. заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка, соопштуваат од СВР Тетово.

Телма неофицијално дознава дека станува збор за дисфункционално семејство, кое живеело во куќа со ниски хигиенски услови.