Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали ќе го слуша Мицкоски ако му нареди нешто? – новиот директор на АНБ, Бојан Христовски одговара за Телма

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски денеска ја презеде функцијата и во првото интервју за Телма одговара на обвинувањата дека е партиски човек кој не ги исполнува законските услови за позицијата.

Христовски до декември лани беше член на ВМРО-ДПМНЕ и тврди дека во моментот нема никаква законска пречка да биде директор. Ја обвинува претходната власт дека го шиканирала и отпуштила од работа и тврди дека ќе работи законски, а не по партиско-политички наредба.

Првото интервју со новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, кое го направи колегата Миомир Серафиновиќ, ќе биде емитувано во недела во КОД на Телма Телевизија.