Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се сечат децениски дрвја, а после се садат мали грмушки, Шапуриќ во ТОП ТЕМА за граѓанските проблеми наспроти општинските планови за изградба на висококатници

/

пред 710 дена

Сподели преку :

Иако сите граѓани преку сметката за комунални услуги уплаќа за зеленило и одржување на зеленилото, нема информација за што се трошат тие пари и дали се наменски искористуваат. Дополнителни се проблемите при изградби на нови згради на места на пониски објекти каде најчесто страда зеленилото.

-За зеленилото мора да има параметри. Сега имавме некои параметри. И како пример ќе ви кажам во Аеродром кај поранешните воени бараки, уништене е огромна количина на зеленило. Сега според закон, односот е 1:2 во корист на зеленилото, (наспроти површината на зградата во основа), а зградата е со огромен габарит има по 11-12 спрата. Тотално несоодветно. И наместо големи децениски дрва насадени се мали грмушки. Ниту некој ги информира граѓаните ниту има нешто, рече Зоран Шапуриќ во ТОП Тема на Телма.

Дополнителен е проблемот со градилиштата кои поради непочитување на прописите предизвикуваат и загадување на амбиенталниот воздух кој го дишат граѓаните.

-Има и примери кога и општината е инвеститор, и покрај другите инвеститори, среде град се изведуваат градежни работи. Па тои стои со месеци, во повеќе скопски општини. И изведувачот директно придонесува на загадување на воздухот. Има прашина, има ископ на земје, а на градилиштата нема ниту заштитни мрежи околу, потенцираше поранешниот министер Шапуриќ.

Тој смета дека општините треба да добијат повеќе финансии и средства, но локалната власт и грдаоначалникот треба да се однесуваат со поголема одговорност.

Две третини од Македонија нема канализација, ни се случува „Скопје и македонската пустина“, вели градоначалникот на Валандово Перо Костадинов во ТОП Тема