Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Погодена зграда во Киев каде се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

/

пред 665 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Македонија во Киев.

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти МНР.