Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нуркачи трагаат во Вардар откако автомобил со четири лица излета на патот Рашче – Сарај

/

пред 658 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Скопје на патот Рашче-Сарај, кога автомобил излетал од патот и завршил во реката Вардар.

Според неофицијални информации, во возилото бил постар брачен пар, еден од нивните синови и снаата.

Петтиот сопатник, 4-годишно дете, било пронајдено од случајни минувачи и со нивна помош е пренесено во болницата 8 Септември во Скопје.

Полицијата и нуркачите веќе се на терен и трагаат по четирите лица кои се уште се водат како исчезнати.

– На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител. Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.