Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

/

пред 640 дена

Сподели преку :

Немил настан се случил вчера кога во ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп од прозорецот од училишната зграда паднал или скокнал шесттоодделенец.

По падот од прозорецот од третиот кат од училиштето,  ученикот се здобил со тешко телесни повреди и веднаш  бил пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Лекарите констатирале  скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените, па поради сериозноста на повредите, ученикот итно е префрлено на клиниката во Скопје.

Од првичните информации се претпоставува дека овој настан е поврзан со предизвик на социјалните мрежи каде тинејџерите преку дадени задачи си ги „одмеруваат силите“ на многу опасен начин.