Вдовицата на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја прикрие вистината за неговата смрт во казнената колонија на Арктикот.
Јулија Навални обвини дека Москва дури и се обидува да го избрише споменот на нејзиниот покоен сопруг во видеото објавено на годишнината од неговата смрт.
Властите за смртта на Навални, објавена на 16 февруари 2024 година, рекоа дека причините се природни – ненадеен скок на крвниот притисок и хронични болести.
Неговото семејство и сојузниците го отфрлаат тоа и инсистираат дека тој бил убиен по наредба на Кремљ – обвинувања што неговите официјални лица ги негираат.
Десетици илјади луѓе присуствуваа на неговиот погреб во Москва на 1 март во ретка манифестација на пркос во земја каде што каков било уличен митинг или дури и поединечни собири често резултираат со итно апсење.
Со денови потоа луѓето носеа цвеќиња на неговиот гроб.
Во видео обраќање, Навални им се заблагодари на Русите кои ја поддржаа и оддадоа почит на гробот на Наванлни во Москва.
Амбасадорите на САД и Велика Британија положија цвеќе на гробот на Навални на московските гробишта рано утрово заедно со Русите кои дојдоа да го оплакуваат починатиот опозициски лидер.
Денеска се очекуваат комеморации и протести ширум светот.











