Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филков ќе го разгледува именувањето на неговиот посебен советник за член на Програмскиот совет на АСЈО

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Министерот за правда Игор Филков ќе го разгледува назначувањето на неговиот посебен советник Андреја Весов за член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) по реакциите на невладините, иако го правдаше неговиот избор. Блупринт групата за реформи во правосудството изрази загриженост за назначувањето на Весов како член на Програмскиот совет, бидејќи согласно законот, може да биде избран „раководен државен службеник од Министерството за правда со најмалку осум години работен стаж на работи од областа на правосудството, по положен правосуден испит. Но, Весов според невладините не се квалификува. Министерот Филков пак не одговори дали ќе бара да се повлече Весов.

„Како и досега сите забелешки од Блупринг групата ни се особено важни и затоа ги имаме вклучено во сите работни групи придонесуваат во верувам во 7 или 8 од десет работни групи во моментов. Што се однесува до нивната забелешка колегата Весов е на позиција и доаѓа како посебен раководител со повеќе од 10 годишно искуство како адвокат и со положен правосуден испит за разлика од претходната личност која беше делегирана од истата позиција од министерството за правда“, изјави Филков.

Избегна да одговори и дали Весов ги исполнува условите.

„Во моментов предлогот ќе го видиме, но јас мислам дека апсолутно има подобрување во предлозите. До минатата недела не бев свесен дека тоа беше еден од условите кои беа побарани“, рече Филков.

Дополнително, Блупринт групата реагираше и на политичката поврзаноста на Весов и неговата кандидатура за пратеник, што сериозно ја нарушува перцепцијата за независност и непристрасност на Академијата, особено во процесот на избор и обука на идни судии и јавни обвинители.  Инаку Весов беше кандидат на ЗНМ, од каде доаѓа и министерот Филков.

Филков на денешната прес конференција даваше отчет на сработеното во изминатите 12 месеци, при што подготвени и доставени до Владата се 22 системски закони, од кои 13 предвидени со Реформската агенда. Клучен, според министерот, е новиот предлог Закон за Судскиот совет, со кој ќе се менува начинот на кој се избираат и разрешуваат судиите, како и одговорноста на самите членови на Советот.

Марија Митевска