Пожарот во реонот на Блаце е ставен под делумна контрола, информираат од дирекцијата за заштита и спасување.. со два хеликоптери на МВР, еден армиски и неколку противпожарни екипи од утрово се гаснат пожарот во реонот, кој се разгори вчера попладне.. организирано е полнењето на ведрата преку специјализирани базени поставени од црвен крст во стенковец.. пожарот кај Блаце е меѓу петте активни пожари на отворено во државава.. гори сува трева и мешана шума во прилепско, чашка, сарај и Македонски брод.. Гореше и градската депонија Делчево, пожарот таму сега е локализиран.. директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, се сомнева дека пожарот е подметнат, а директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ рече дека е потребно итно вработување на нови пожарникари..











